Селекторот Иштван Гулјаш го објави скратениот список на Унгарија пред стартот на Европското првенство на кое се домаќини заедно со Словачка.
Гулјаш се реши за 20 ракометари, а меѓу нив и тројца голмани.
Еден од чуварите на мрежата ќе биде членот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ, кој ќе има конкуренција во Адам Борбељ од Веспрем КФТ и Роланд Миклер од ПИК Сегед.
Последен од списокот отпадна десниот бек од Веспрем, Зоран Илиќ. Унгарија своите натпревари ќе игра во Будимпешта.
Новата арена освен на Унгарија ќе биде домаќин и на Исланд, Португалија и Холандија.
Состав на Унгарија:
Голмани: Борбељ (Веспрем КФТ), Секељ (Еурофарм Пелистер), Миклер (ПИК Сегед)
Десни крила: Бујдосо (Ференцварош), Родригез (Балатонфуреди)
Десни бекови: Анчин (Татабања), Мате (Елверум)
Средни бекови: Ѓери (Татабања), Хануш (Штутгарт), Лекаи (Веспрем)
Пикери: Баниди (ПИК Сегед), Рошта (ПИК Сегед), Сипос (Веспрем), Топиќ (Балатонфуреди)
Леви бекови: Бодо (ПИК Сегед), Наѓ (Ференцварош), Лигетвари (Веспрем), Сита (Висла)
Леви крила: Бока (Балатонфуреди), Сунајко (Татабања)