Репрезентативците ќе јадат по рецептите на тетка Цеце

По тренерот на голмани, Ице Соколески, стручниот штаб на машката сениорска репрезентација е засилен со уште едно ново име.

Станува збор за нутриционистот Цвета Динева, со која е започната соработка на почетокот на овој месец.

Двете страни се задоволни од досегашната соработка, па таа ќе се грижи за режимот на исхрана на македонските репрезентативци.

Македонија е во групата А на ЕП што ќе се игра во Дебрецин, а ривали на нашата селекција се Словенија, Данска и Црна Гора.