Реномираниот германски весник „Билд“ пишува дека Европскто првенство наместо во две држави би можело да се игра само во една, односно во Унгарија.
Ова би можело да се случи поради големите бројки на новозаразени во Словачка. Полоши броји од оваа земја имаат само Андора, Црна Гора и Сејшели.
Аксел Кромер, член на УО на германската федерација, која треба да игра во Братислава, сепак вели дека тоа се само шпекулации.
„Тоа се само шпекулации. Според информациите од ЕХФ, такво решение засега не е во опција“, вели Кромер.
Лани ист беше случајот со Европското првенство кај дамите, кое наместо во Норвешка и Данска, се одржа само во Данска.