Ривалот на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, селекцијата на Црна Гора ќе има 25 ракометари на располагање за дуелите против Кувајт и Косово кои ќе бидат можност за проверка пред Европското првенство.
На овие две контроли селекторот Зоран Рогановиќ нема да може да смета на комплетниот состав, па затоа повика повеќе ракометари. Дел од играчите кои имаат обврски во Бундес лигата подоцна ќе се приклучат на тренинзи и тоа од 2 јануари така што веќе е сосема извесно дека на овие контроли ќе моѓат да се докажуваат другите.
Во комбинација за овие напревари се ракометарите кои настапуваат во Супер машката лига во Македонија. Тоа се голманите Никола Матовиќ (Струга) и Јагош Брауновиќ (Охрид), како и есното крило Мирко Радовиќ (Еурофарм Пелистер).
Собирот ќе биде в понеделник, а во текот на следната недела ќе бидат одиграни двата контролни натпревари.
Покрај овие играчи во комбинација ќе бидат и:
ГОЛМАН: Миле Мијушковиќ
КРИЛА: Филип Вујовиќ, Војислав Вукиќ, Бајшта Чејовиќ, Јован Абраовиќ
БЕКОВИ: Васко Шеваљевиќ, Милош Божовиќ, Стеван Вујовиќ, Божо Анѓелиќ, Бранко Вујовиќ, Александар Гленџа, Арсеније Драгашевиќ, Василије Калуѓеровиќ, Радојица Чепиќ, Божидар Симиќ, Богдан Николиќ, Лука Вукичевиќ
ПИВОТИ: Немања Грбовиќ, Небојша Симовиќ, Вук Лазовиќ, Миодраг Чорсовиќ, Лука Вујовиќ