ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа петнаесеттото коло од машката Суперлига?

Цветан Кузманоски - лево крило - Еурофарм Пелистер 2
40.17%
Бојан Спасовски - десно крило - Бутел Скопје
27.86%
Анте Гаџа - среден бек - Вардар
12.53%
Златко Хорват - десен бек - Металург
6.70%
Стипе Мандалиниќ - лев бек - Еурофарм Пелистер
5.18%
Борко Ристовски - голман - Вардар
4.75%
Елмир Граџан - пивот - Еурофарм Пелистер
2.81%

РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА            30:19ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР        27:27ИЗВЕШТАЈ

ОХРИД – РАДОВИШ         34:23ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – СКОПЈЕ 2020   26:27ИЗВЕШТАЈ

МЕТАЛУРГ – ТИКВЕШ      28:27ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР        29:32ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Борко Ристовски (Вардар) – На дербито против Еурофарм Пелистер имаше добар ден. Имаше неколку клучни одбрани во моментите кога се правеше предноста и помогна Вардар да дојде до бод.

ЛЕВО КРИЛО: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2) – Им подели десетка на колегите од Пролет и беше најефикасниот во новата победа на вториот тим од Битола против директниот конкурент.

ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – Одигра еден од најдобрите натпреври сезонава. Постигна седум гола од кои пет беа од игра. Беше еден од подобрите во дресот на тимот од Битола.

СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Постигна осум гола и беше лидер на теренот во дресот на Вардар. Покажа дека може да се очекува и многу повеќе од него особено во нападот.

ДЕСЕН БЕК: Златко Хорват (Металург) – Го одигра последниот натпревар во дресот на Металург на домашен терен. Одработе одлична средба и постигна дури 11 гола против Тиквеш.

ДЕСНО КРИЛО: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Младиот ракометар продолжува со стандардната форма. Одигра уште еден убав натпревар и со пет гола учествуваше во победата против Струга.

ПИВОТ: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – Еден од најборбените ракометри во дресот на Еурофарм Пелистер на дербито. Постигна четири гола, но во нападот зададе многу грижи за одбраната на Вардар.