Нема крај на кризата на Пролет, Еурофарм Пелистер 2 заминува со полн плен!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 забележа нов триумф во суперлигашкото друштво, откако славеше над Пролет со убедливи 29-32, иако на полувремето имаше само плус еден, 15-16. Битолчани ја продлабочија кризата на Пролет, кој има само една победа на последните шест меча и го доведува во опасност учеството во плеј-офот.

Гостите од Битола најчесто ја имаа предноста во првиот дел со еден или два гола разлика, а Пролет секогаш беше „тука некаде“. Во финишот на полувремето домашните за првпат поведоа со 12-11, но на пауза избраниците на Александар Јовиќ имаа предност, 15-16.

По 17-17 на стартот на второто полувреме, битолчани направија серија од четири гола по ред за 17-21. Беше и 19-23, па 21-25, но Пролет не се откажуваше од камбек. Палевскки со двата гола од пенал намали на 23-25 и го врати домашниот тим во игра на десетина минути до крајот.

Арсеновски искористи еден отпадок за 23-26, а гостите одново имаа плус три, 25-28. Пролет намали на 28-29, имаше и напад за реми, но загубија топка во напад, па Кузманоски казни за 28-30.

И по тајм-аутот на Лембанов домашните погрешија, пак беа казнети и до крајот веќе немаше дилеми околу победникот. Најдобри стрелци кај победникот беа Кузманоски со десет и Ѓорговски со шест гола, додека за Пролет, Давор Палевски постигна осум.

16 декември 2021
29 - 32
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 декември 2021 19:42 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 16.12.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1529Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21632Победа

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот14
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек10
9Бојан Јовановскилево крило00
11Виктор Додевскидесно крило01
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек03
16Андреј Петковскиголман01
18Иван Џоновлев бек13
19Доне Мајновдесен бек01
20Томислав Димковски-00
21Филип Крстевски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек06
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило18
99Жарко Пејовиќцентрален бек11
 Вкупно 529

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
3Цветан Кузманоскилево крило010
7Андре Буторацдесен бек00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек11
9Васко Димитровскипивот00
13Павле Петровиќдесен бек14
16Благојче Трајкоскиголман01
21Димитар Димитриоскицентрален бек01
22Иван Димитровскилево крило00
23Стефан Талевскицентрален бек00
24Никола Стоилевскидесно крило13
33Петар Атанасијевиќлево крило21
34Емилијан Ѓорговскилев бек06
66Милан Ѓукиќдесно крило00
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот25
 Вкупно 732

Officials

Делегат:Судии:
НИКОЛОВСКИ АЦОЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515