Драма во Автокоманда – Маркоски со звукот на сирената му донесе голем триумф на Металург

Тимот на Металург славеше во драматичен натпревар против Тиквеш од Кавадарци со 28-27, откако во последните секунди погоди Велко Маркоски за голем триумф на домашните кој ги остава во игра за плеј-оф.

Гостите од Кавадарци ја имаа контролата во поголемиот дел од првото полувреме. Тие најчесто водеа со еден или два гола разлика. По 10-10 во финишот три гола по ред даде крилото Рибеиро и еден Хорват од пенал за 14-10. Тиквеш до паузата намали на 14-11.

На стартот на вториот дел избраниците на Иве Марковски стигнаа до највисоки плус пет, 19-14, но во продолжение паднаа во темпото кое сами го наметнаа. Тиквеш со серија од четири гола се доближи на само минус еден, 19-18 и најави возбудувања.

Металурзи погрешија два пати по ред, па следуваше казна и кавадарчани преку Јанчев израмнија на 19-19. Истиот играч имаше шанса да му донесе водство на Тиквеш, но не погоди, па Металург ја врати минималната предност на своја страна.

Во продолжение домашните стигнаа до плус три, 23-20, но немаа идеја во следните напади и Тиквеш повторно се врати во мечот со три гола по ред, 23-23. Во последните пет минути се играше гол за гол.

Хорват реализираше за 27-26 кога почна да тече последната минута, но Темелкоски погоди на дваесетина секунди до крајот за 27-27. Марковски викна тајм-аут, Металург организираше акција која заврши со убав погодок на дефанзивецот Маркоски за конечни 28-27.

Најдобар стрелец кај Металург беше Златко Хорват со 11 гола, додека по шест пати погодија крилата Петковски и Рибеиро. Кај кавадарчани, по пет пати стрелаа Дрогришки, Симиќ и Темелкоски.

16 декември 2021
28 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 декември 2021 19:27 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 16.12.2021 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1428Победа
ТИКВЕШ 20141127Пораз

МЕТАЛУРГ

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Марио Гичевцентрален бек00
4Марко Трајковскипивот00
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек05
11Евгениј Темелкоскидесно крило05
12Марјан Велковголман00
13Борче Соколовцентрален бек02
16Александар Стојаноскиголман00
18Никола Стефановиќпивот00
19Дејан Гошевскидесен бек00
24Дарко Кондевлево крило23
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило00
34Страхиња Симиќцентрален бек15
77Јане Јанчевцентрален бек13
96Стефан Трпчевскидесен бек04
 Вкупно 427

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515