Бутел Скопје им се врати на победите, славеше убедливо против Струга

Тимот на Бутел Скопје по поразот од Тиквеш во Кавадарци, се врати на победничките патеки, откако славеше на домашен терен против составот на Струга со убедливи 30-19.

Тренерот на домашните, Кристијан Грчевски, реши да одмори дел од првотимците, па во првиот дел гостите од Струга одлично парираа, играа добро во нападот и во текот на целото прво полувреме ја диктираа играта.

Стружани имаа плус три, 4-7, домаќинот за миг се врати во егал, 7-7, но во продолжение повторно избраниците на Наум Танески, беа тие што се прашуваа околу резултатот. По 11-14, Мајиќ и Митев реализираа па на пауза се замина со 13-14.

На стартот на второто полувреме бутелци со серија од четири гола по ред обезбедија 17-14, а беше и 18-15. Ѓорѓиески намали на 18-16,  но потоа Струга влезе во „црна дупка“ и не можеше да погоди цели 12 минути.

Но затоа домаќините без мака реализираа и го полнеа голот на Матовиќ, па стигнаа до највисоки плус осум, 24-16. Подоцна беше и 26-18 и до крајот немаше возбудувања и дилеми околу победникот.

Мајиќ беше најдобар стрелец кај Бутел со осум погодоци, додека по пет постигнаа Спасовски и Митев. Кај Струга по четири пати реализираа Блажески, Цветаноски и Маркоски.

14 декември 2021
30 - 19
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 декември 2021 19:21 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 14.12.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1330Победа
СТРУГА1419Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревскилев бек01
6Јовица Младеновскилев бек00
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек02
10Марко Митевцентрален бек05
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило00
17Бојан Спасовскидесен бек05
20Саша Пуљизовиќцентрален бек00
22Стефан Стојчевиќпивот01
28Градимир Чаневскиголман01
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот04
64Мирко Мајиќлево крило18
94Денис Тотдесен бек00
96Кристијан Давитковскидесен бек13
 Вкупно 230

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-14
3Славе Јанковскилево крило01
4Христијан Крстаноскилев бек20
5Бобан Савески-00
6Филип Пајкоскипивот01
7Бобан Блажескидесно крило04
9Пеце Ѓорѓиоскипивот01
12Никола Матовиќголман00
13Петар Ферукоскипивот00
18Никола Стрезоски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек13
22Владан Кастратовиќцентрален бек01
24Ненад Костоскилево крило00
25Никола Цветаноскилев бек04
 Вкупно 419

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
МИРЧЕСКИ ЛЕРИ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515