Добрата форма наградена со повик – Секељ ќе брани за Унгарија на ЕП

Голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ се најде во потесниот избор за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка и тој доби повик за подготовките пред шампионатот. Унгарецот се најде во силна конкуренција и ќе конкурира за голманската позиција со Роланд Миклер и Адам Борбели.

Добрата форма која Секељ ја покажува во Лигата на Европа му донесе и место на шампионатот на кој Унгарија е еден од домаќините така што ќе има можност и на првенството да ги покаже своите квалитети.

Унгарија е во Групата Б, каде што се најдоа уште три квалитетни селекции. Противници се составите на Португалија, Исланд и Холандија.

СОСТАВ НА УНГАРИЈА

ГОЛМАНИ: Роланд Миклер (Пик Сегед), Мартон Секељ (Еурофарм Пелистер), Адам Борбели (ВККФТ Веспрем).

ЛЕВИ КРИЛА: Бендегуз Бока (Балатонфуреди), Стефан Сунајко (Татабања).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Рихард Бодо (Пик Сегед), Бенце Наѓ (Ференцварош), Патрик Лигетвари (Веспрем), Золтан Шита (Висла Плоцк, Полска).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Матијас Ѓер (Татабања), Егон Хануш (Штутгарт, Германија), Мате Лекаи (Веспрем).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Габор Анчон (Татабања), Зоран Илиќ (Веспрем), Доминик Мате (Елверум, Норвешка).

ДЕСНИ КРИЛА: Бендегуз Бујдосо (Ференцварош), Педро Родригез Алварез (Балатонфуреди).

ПИВОТИ: Бенце Банхиди (Пик Сегед), Миклош Рошта (Пик Сегед), Адријан Сипос (Веспрем), Петар Топиќ (Балатонфуреди)