Репрезентацијата на Шведска ќе има силен тим за Европското првенство бидејќи селекторот Глен Солберг после кратењето на составот одбра 18 играчи кои ќе можат против секого да одат на победа.
Шведска е вицешампион од последното Светско првенство, па сосема јасно е дека и на овој шампионат ќе биде меѓу кандидатите за највисок пласман. Шампионатот почнува на 13 јануари и е ќе трае до 30 јануари, а Шведска е во групата Е заедно со селекциите на Шпанија, Чешка и БиХ.
Првите две селекции одат во следниот круг.
Кои се одбраните 18 за финалните подготовки и за настап на Европското првенство, може да се види во продолжение.
СОСТАВ НА ШВЕДСКА ЗА ЕП
ГОЛМАНИ: Петер Јоханесон (Лемго, Германија), Андреас Паличка (Рајн Некар, Германија), Тобијас Тулин (Штутгарт, Германија).
ЛЕВИ КРИЛА: Хампус Ване (Флензбург, Германија), Лукас Пелас (Монпелје, Франција).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Јонатан Калсбогард (Лемго, Германија, Карл Валиниус (Монпелје, Франција), Ерик Јохансон (Елверум, Норвешка).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Феликс Клар (Алборг, Данска), Јим Готфридсон (Флензбург, Германија).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Албин Лагергрен (Рајн Некар, Германија), Лукас Сандел (Алборг, Данска).
ДЕСНИ КРИЛА: Никлас Екберг, Кил, Германија), Даниел Петесон (Магдебург, Германија)
ПИВОТИ: Макс Дарј (Бергишер, Германија), Феликс Мелер (Савехоф), Фредрик Петесон (Тулуз, Франција), Оскар Бергендал (Гудме, Данска).