Селекторот Жорди Рибера го објави скратениот список пред настапнот на Шпанија на Европското првенство во 2022 година.
Рибера смета на 18 ракометари, меѓу кои се и двајца голмани, кои ќе ги стартуваат подготовките за ЕП на 26 декември во Мадрид.
На списокот не се браќата Душебаеви, ниту пензионираниот Ентрериос, а ги нема ниту искусните Агинагалде, Сармиенто, повредениот Морос…
Сепак тука се ветераните Кањелас, Гарсија Робледо, Гаврдиола…па новите лица во шпанскиот состав нема да им недостигаат искусни играчи покрај себе.
Шпанија е во групата Е со Шведска, Чешка и Босна и Херцеговина.