Ракометарите на Вардар загубија на тешкото гостување кај бундеслигашот Кил со 32-30, иако немаше да биде незаслужено ако се вратеа и со бод од овој дуел.
Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека е тешко да се зборува по ваков натпревар во кој неговиот тим беше блиску, но не освои бодови.
„Честитки за одличната игра на Кил, како и секогаш имаше одлична атмосфера во салата. Цел меч бевме блиску, но не освоивме бодови, ова е многу тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто повеќе во другите натпревари. Ова беше тежок натпревар уште од стартот, Кил е историски тим, најдобар во Германија, секогаш бевме позади нив, се боревме, но тоа е тоа. Ќе се обидеме да победиме на последниот натпревар во Загреб“, вели Вујовиќ.
Следен и последен предизвик за Вардар оваа година во ЛШ ќе биде гостувањето кај Загреб на 8 декември.
Вардар заигра добро, се бореше 60 минути, но повторно загуби од Кил
Јиха: Вардар се бори до крај – секогаш успева да се врати во игра