Јиха: Вардар се бори до крај – секогаш успева да се врати во игра

Вардар загуби кај Кил со 32-30 во натпревар од деветтата рунда во Лигата на шампионите.

Тренерот на домашниот тим, Филип Јиха, е среќен по победата над македонскиот шампион, кој вели дека секогаш се бори до крај.

„Среќен сум што победивме и освоивме два бода. Ова беше тежок меч уште од стартот. Пробав да ротирам и да им дадам шанса на многу играчи. Мислам дека направивме добра работа, но на крајот не го направивме финалниот чекор и не ги искористивме шансите, особено во вториот дел. Вардар се бореше исто како и на секој меч и како секогаш, видовме сите како се вратија во игра. Одигравме еден тежок меч во кој ги освоивме посакуваните бодови. Но, сега мора да го заборавиме овој дуел и мора да победуваме и да се фокусираме на следните натпревари“, вели Јиха.

Кил на следниот натпревар гостува кај ПИК Сегед, додека Вардар ќе гостува кај хрватскиот Загреб.

Вардар заигра добро, се бореше 60 минути, но повторно загуби од Кил

Вујовиќ: Тешко е – цел меч се боревме и бевме блиску, но не освоивме бодови

Томовски: Кил не играше најдобро, но ги казни нашите грешки