Селекторот на БиХ, Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари за подготовките пред главниот настап на Европското првенство 2022 кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
На списокот од 35 ракометари, место имаше и за двајцата членови на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и Елмир Граџан, како и за нивните поранешни клупски колеги, Невен Стјепановиќ и Марин Вегар.
Босанскиот селектор на списокот го стави и ракометарот на Монпелје, Марко Паниќ кој пред извесен период јавно изјави дека нема да настапува за босанската репрезентација поради конфликтот со Обрван.
БиХ на Европското првенство 2022 има тешка група. Босанците во првата фаза ќе се соочат со репрезентациите на Шпанија, Шведска и Чешка во рамките од Групата Е.