Лига на Европа: Лазаров го спаси Нант од пораз кај ГОГ

Екипите на ГОГ и Нант одиграа одличен натпревар во дербито на 5. коло од Лигата на Европа кој беше неизвесен до самиот крај, а после голема борба и квалитетен ракомет со гол на Лазаров дуелот заврши без победник, 29:29.

Тимот на Лазаров добро отвори со 3:0 и во поголемиот дел од првото полувреме беше во водство сè до завршницата кога ГОГ успеа да направи пресврт на резултатот. После одиграни 30 минути домашниот тим водеше со 16:14.

Нант имаше фантастичен старт на второто полувреме, Лазаров постигна четири гола за десетина минути и ги разигруваше соиграчите, а на голманската позиција Микаел Робин бранеше сè. Гостите веднаш го преземаа водството и го диктираа резултатот.

ГОГ со максимална ангажираност успеа да израмни, а во 57. минута и да поведе со 28:27. Нант имаше напад во последната минута за реми кој го реализираше Лазаров. Кире Лазаров играше во второ полувреме и имаше значителен учинок за својот тим со пет гола и многу успешни асистенции.

Во групата каде што се натпреварува Еурофарм Пелистер, Кадетен беше многу убедлив против грчкиот претставник АЕК Атина и славеше убедлива победа од 30:27, а уште на полувремето домаќините беа блиску до победата кога водеа 18:10. Ним наиде на силен отпор од Татабања, но успеа да дојде до триумф.

На другите натпревари имаше голема неизвесност до самиот финиш, а победи на домашен терен остварија Лемго и Савехоф.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

ГОГ – НАНТ  29:29 (16:14)

КАДЕТЕН – АЕК 30:26 (18:10)

ЛЕМГО – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 30:27 (16:16)

НИМ – ТАТАБАЊА 24:22 (11:9)

САВЕХОФ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:31 (18:14)