Европската ракометна федерација ги потврди претходните најави дека само вакцинирани играчи или играчи што прележале коронавирус ќе може да играат на ЕП.
Исто како на СП во Шпанија кај жените, така ќе биде и на котиненталниот собир кај мажите во Унгарија и Словачка во јануари 2022 година.
Покрај тоа, секој втор ден ќе се прават ПЦР тестови на сите ракометари и стручните штабови на сите репрезентации.
Доколку се појави некој позитивен ракометар, сите што контактирале со него по добивањето на негативен тест ќе може да се вратат на терен. За разлика од женското ЕП во Данска и Норвешка минатата година, на ЕП кај мажите нема да има „балон систем“ и репрезентациите ќе може да го напуштаат хотелот.
Македонија е во групата А на ЕП што ќе се игра во Дебрецен и ќе се соочи со Данска, Црна Гора и Словенија.