Репрезентацијата на Литванија досега има еден настап на Европските првенства во 1998 година, а сега повторно има обезбедено учество на претстојното првенство кое ќе се игра во јануари во Унгарија и Словачка.
И покрај тоа што Литванија обезбеди пласман преку квалификациите можно е да не настапи на првенството заради финанскиски проблеми како што соопшти ракометната федерација на земјата.
Финансирањето на федерацијата ќе се одвива во повеќе наврати во следните месеци до март, но трошоците за учество на првенството мора да бидат уплатени во ноември. Исто така федерацијата ги сноси сите трошоци за натпревари, тренинзи и патаувања, а за подготовките за првенството на репрезентациајта се потребни околу 70.000 евра.
Федерацијата е незадоволна од начинот на финансирање и моменталната состојба и предлага да се измени законската регулатива за да се избегнат вакви случаи во иднина. Од ова не е засегната само сениорската репрезентција туку и младинските категории.
Литванија треба да игра во групата Ф каде што за противници ќе ги има репрезентациите на Русија, Норвешка и домаќинот Словачка. Првенството ќе се игра од 13 до 30 јануари.