Некомплетното 4. коло донесе интересни средби кои придонесоа за промени на табелите во четирите групи, а она што беше интересно се случуваше во Швајцарија и Португалија каде што Ним и Аек имаа тешки гостувања. Само претставникот на Франција успеа до бод, додека Аек претрпе нов пораз.
Ним доби пенал на истекот на времето откако домашните направија груб прекршок во обид да го спречат противникот да упати удар. Судиите тоа го окарактеризираа како намерен прекршок и доделија црвен картон и според правилата покажаа на седум метри, а Гигу погоди за 25:25.
Спортинг и Аек се надигруваа 60 минути, а на крајот само еден гол решаваше. Претставникот на Португалија кој е следен ривал на Еурофарм Пелистер, дојде до минимален триумф од 31:30, па најави дополнителни возбудувања на следните дуели.
Голем бод во Франција освои тимот на Горење, додека Нексе славеше над екипа од Асобал лигата и покажа дека бележи голем напредок.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ВИСЛА ПЛОЦК 24:30 (13:13)
ТАТРАН ПРЕШОВ – ФУКСЕ БЕРЛИН 23:27 (9:16)
ВИНТЕРТУР – БИДАСОА ИРУН одложено
ТАБЕЛА
ГРУПА Б
БЕНФИКА – ГОГ 25:33 (10:17)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – НАНТ 31:35 (15:20)
ЛЕМГО – РИХИМАЕН КОКС 39:30 (18:14)
ТАБЕЛА
ГРУПА Ц
НЕКСЕ – ЛА РИОХА 31:30 (14:15)
ЕКС АН ПРОВАНС – ГОРЕЊЕ 26:26 (17:14)
САВЕХОФ – МАГДЕБУРГ одложено
ТАБЕЛА
ГРУПА Д
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТАБАЊА 33:20 (17:9)
СПОРТИНГ – АЕК 31:30 (14:13)
КАДЕТЕН – НИМ 25:25 (15:13)
ТАБЕЛА