Европскиот шампион Шпанија на Европското првенство во Унгарија и Словачка нема да смета на десниот бек Алекс Душебаев.
Членот на полскиот првак Келце и еден од играчите во најдобра форма во моментов ќе паузира шест недели.
Медицинскиот тим на Келце му препорача мирување поради повредата на рамото, а Душебаев го одбра периодот помеѓу есенскиот и пролетниот дел на сезоната.
Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, не мора да биде загрижен за десната бековска позиција, затоа што ги има на располагање Хорхе Македа, Едуардо Гурбиндо и Иманол Гарсиандиа.