Нант на Кирил Лазаров имаше успешен настап во 3. коло од Лигата на Европа и на домашен терен без многу проблеми ја совлада екипата на ГОГ oд Данска со 27:24.
Лазаров имаше добар настап со ефикасно издание и во победата на својот тим придонесе со четири гола, а најефикасен во тимот на Нант беше Мин со шест гола. Долго во првиот дел се играше израмнето, а во завршните минути Нант обезбеди предност од 11:8 на полувреме.
Во продолжението стекнатата позитива од првиот дел Лазаров и соиграчите ја одржуваа, веќе во 38. минута беше пет гола разлика и до крај без проблеми ја сочуваа за втора победа во Лигата на Еввропа.
Висла Плоцк и Фуксе Берлин во Полска одиграа многу интересен и квалитетен натпревар кој после голема борба го доби гостинскиот тим со 28:24. Екипите постојано го менуваа водството во најголемиот дел од мечот, а после 30 минути игра беше 14:15.
Дејан Милосављев имаше фантастично издание на голот на Фуксе Берлин со 12 интеревенции од кои две беа од седмерец во клучните моменти на натпреварот. Тој и Холм кој постигна осум гола беа најзаслужни за триумфот на бундеслигашот.
Победи во 3. коло од Лигата на Европа остварија уште и Тулуз на гостувањето кај Бидасоа Ирун и Ним против Спортинг, додека Ла Риоха и Магдебург одиграа без победник.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
БИДАСОА ИРУН – ТУЛУЗ 24:26 (11:13)
ЛА РИОХА – МАГДЕБУРГ 29:29 (13:16)
НАНТ – ГОГ 27:24 (11:8)
НИМ – СПОРТИНГ 33:27 (17:15)
ВИСЛА ПЛОЦК – ФУКСЕ БЕРЛИН 24:28 (14:15)