Откако стана јасно дека ќе остане без Давид Балагер, францускиот Нант веднаш реагираше и ја најде неговата замена.
Станува збор за шпанскиот интернационалец Каулди Одриозола, за кој Нант плати оштета на Бидасоа.
Одриозола ќе се пресели во Франција следното лето, а се обврза на четиригодишна соработка и договор до 2026 година.
Покрај Шпанецот, на десно крило во Нант ќе остане и португалскиот интернационалец Педро Портела.