Лидерот на Групата Б од Супер женската лига, Вардар запиша нова победа овој пат во 7. коло против Стружанка со резултат 32:27, а истата беше обезбедена во последните десет минути.
Ракометарките на Стружанка имаа свои моменти во првиот дел. Во одреден период во првите 30. минути, избраничките на Владимир Паноски имаа контрола на теренот. Стружанка речиси ги искористи сите грешки на противникот, влезе во убава серија и водство од 9:6. Вардарки на крилјата на Диневска, Стојановска и Костовиќ започна да се враќа во игра.
Вардар израмни на 9:9, а по некоја минути поведе со гол разлика, 10:9. До крајот на првиот дел, двете екипи се менуваа во водство. Ракометарките на Вардар во последните шест минути направија серија од 4:0 и заминаа на полувреме со водство од 18:14.
Во второто полувреме со головите на Трпевска и Диневска, екипата на Вардар стигна до највисоко водство од 20:14. Делиоска во 35. минута и Затуроска во 36. минута беа прецизни за намалување на дел од негативата, 16:20. Гостинките од Струга и покрај негативата од четири гола разлика, на петнаесетина минути пред самиот крај преку Далипоска и Затуроска ја преполовија разликата на 23:22.
Техничките грешки на „црвено-црните“ и кризниот период резултираа со израмнување на резултатот на 25:25. Во последните десет минути домаќинките почнаа посериозно да делуваат на теренот и не дозволија да има изненадување. Стружанка со речиси една иста постава немаше шанси да направи повторно кам-бек.
Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од Вардар, Бојана Диневска со 11 гола. Во Стружанка прв стрелец беше Магдалена Делиска со гол помалку.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА