Екипата на Еурофарм Пелистер нема да биде комплетна на гостувањето во Швајцарија со оглед на тоа што со тимот нема да биде Кубанецот Реиние Табоада.
Тој останува во Битола, а објаснувањето е дека има лични проблеми и не е во можност да им помогне на колегите на средбата против тимот на Кадетен Шафхаузен.
Другите ракометари се подготвени за настап и се во конкуренција за тимот со кој Еурофарм Пелистер ќе и се спротистави на екипта на Кадетен Шафхаузен во 2. коло од групата Д во Лигата на Европа.
На првата средба против Ним, Табоада беше еден од поефиксните. Тој реализираше четирипати.