Дами ќе му судат на Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер по поразот од францускиот Ним, го чека тешко гостување кај швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

ЕХф ги делегираше судијките од Германија, Мајке Мерц и Тања Кутлер, додека делегат ќе биде Владимир Ранчик од Словачка.

Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „ББЦ Арена“ на 26 октомври од 18:45 часот.