Бабиќ одбра за вечерва: Еурофарм Пелистер во најсилен состав против Ним (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска од 20:45 часот го игра натпреварот против Ним од 1. коло од Групата Д во Лигата на Европа, а тренерите на двете екипи Жељко Бабиќ и Франк Морис ги одбраа играчите со кои ќе истрчаат на терен на денешната средба.

Стратегот на Еурофарм Пелистер на располагање го има најдобриот состав така што со сите сили тргнува во првиот натпревар и во обид за бодови. Ќе биде интересно бидејќи Ним на спротивната страна ја има легендата на ракометот во Франција, Мишел Гигу така што ќе биде доста интересно.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Почнува во 20:45 часот, а на трибините ќе може да се најдат околу 1.500 гледачи.