Охриѓани се покажаа во одлично издание, но не успеаја да издржат 60 минути за да дојдат до подобар епилог против Еурофарм Пелистер, па гостите си заминаа со три бода откако победија со 27:25.
Од почетокот на средбата се влезе во големо надигрување. Охрид успеа да отвори одлично и брзо да казни неколку грешки и опуштеност на противникот за да влезе во средбата со 7:3. Овие плус четири доведоа до интересно продолжение на средбата. Гостите мораа постојано да протискатааи да се потрудат да дојдат до враќање во натпреварот.
Брауновиќ бранеше на одлично ниво и им помагаше на колегите да бидат во постојана предност од 2-3 гола. Сепак, противникот имаше поголем избор на ракометари и тоа го користеше да стигне до намалување н еден гол негатива. При 11:10, тимот на Охрид одново дојде на плус три и имаше 14:11 и 15:12, но на одмор беше само еден разлика, 15:14.
Вториот дел веќе стана уште поинтересен откако тимот на Еурофарм Пелистер го крена нивото на игра и дојде до брзо израмнување на 17:17, а веднаш потоа и до водство од 18:17. Како одминуваше времето предноста почна да растеп, па се дојде и до 23:20 кога веќе сите работи како да најавуваа победа за гостите.
Сепак, не беше така лесно бидејќи охриѓани се вратија на гол разлика и на 2-3 минути до крајот повторно беа во акција за изненадување. На 25:26 и минута до крајот Бабиќ побара тајм-аут, а Табоада реализираше за плус два. Во следниот напад Кизиќ уште еднаш одбрани и ја потврди добрата форма од целото второ полувреме, па го одбрани Еурофарм Пелистер за победа од 27:25 и три тешки бодови од гостувањето во Охрид.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА