Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за казни по разгледувањето на сите материјали од натпреварот Пролет – Тиквеш од 5 коло во Суперлигата.
Двајцата ракометари што добија црвени картони, левото крило Давор Палевски од Пролет и пикерот Никола Стефановиќ од Тиквеш, ќе мора да платат казни од по 20.000 денари согласно со членот 109 од ДП на РФМ.
„Ако натпреварувач или службени лица предизвика прекин на натпреварот или спречува одржување на натпреварот ќе се казни со забрана за настан од 5 натпревари или со парична казна“, стои во членот 109.
Пролет во 6 коло од елитното друштво ќе игра на гостински терен кај Струга, додека Тиквеш дома го пречекува Прилеп.
Искри и нервоза на дербито во Скопје – Тепачка и црвени картони во Пролет (ВИДЕО)