Искри и нервоза на дербито во Скопје – Тепачка и црвени картони во Пролет (ВИДЕО)

На Iпочетокот на 16 минута на средбата меѓу Пролет и Тиквеш дојде до краток прекин поради тепачка во која најжестоки беа Давор Палевски и Никола Стевановиќ од кои практично и почна нервозата после борба за топка. Имаше мешаница во која се најдоа речиси сите ракометари, но заврши брзо, па ситуацијата беше решена со црвени картони за ракометарите кои почнаа со нервозата. Натпреварот продолжи без проблеми откако имаше прекин од неколку минути, а Палевски и Стевановиќ добија удобно место на трибините до крајот од натпреварот.