Поранешниот селектор на Македонија, кој сега е на клупата на БиХ и ППД Загреб, Ивица Обрван се најде во тешка ситуација бидејќи еден од главните ракометари му го заврте грбот и даде изјава дека нема да игра за навионалниот тим додека е тој селектор.
Сега Обрван се обидува да ја спушти топката и вели дека вратата останува отворена за ракометарот.
„Исклучително го почитувам Паниќ како играч и сметам дека е еден од најдобрите ракометари на позицијата десен бек. Станува збор за комплетен играч кој ќе и недостига на репрезетацијата доколку неговата одлука остане таква. Жал ми е поради ова. Ја почитувам неговата одлука дека не сака повеќе да игра за репрезентацијата и нема да влегувам во некои други работи. Можам уште да прокоментирам дека репрезентацијата на БиХ не е никаква приватна екипа и дека Марко ни е потребен и добро би ни дошол во тимот“, вели Обрван.
Паниќ пред неколку дена изјави дека нема да игра за БиХ додека Обрван е на селекторската позиција така што ќе биде интересно да се види дали ќе има некакви промени во следниот период. Засега сапуницата е главно актуелна преку медиумите во кои си кажуваат што имаат да си кажат едни на други.