Некогашната македонска репрезентативка во младинските категории, Клаудија Ѓеоргиевска, успешно плива во други води. Таа веќе четири години работи како стјуардеса во една од водечките авио компании од Европа.
Многу рано, само на 21 година реши да ја заврши ракометната кариера, иако бележеше клупски успеси.
Ѓеоргиевска, која сега има 25 години потекнува од Кратово, ги носеше дресовите на скопските ривали Вардар и Металург, а беше и интернационалка во данскиот Вендсисел.
Десниот бек три сезони настапуваше за Вардар Јуниор, со кој имаше и европски настапи, додека последната сезона од кариерата ја одигра во Автокоманда. Иако одлично се снаоѓаше на ракометните терени, сепак Ѓеоргиевска се реши за поинаков пат во животот.
Ист пример на Ѓеоргиевска, е уште една поранешна македонска репрезентативка – Александра Ристовска, која забележа настапи и за сениорската репрезентација, а на клупски план ги носеше дресовите на Еуростандард Ѓорче Петров, Скопје, Кале Кичево, како и шпанскиот Елче. Таа исто така долго време по завршувањето на кариерата работеше како стјуардеса.