Ракометарот кој пред десет години го носеше дресот на Металург, Жарко Марковиќ во новата сезона ќе биде клупски колега со уште еден поранешен играч на тимот од Автокоманда, Вуко Борозан. Двајцата ќе бидат дел од составот на Ал Араби со кој влегуваат како фаворити за титулата во Катар.
Марковиќ кој е по потекло од Црна Гора од 2015 година го носи дресот на Катар. Тој освои сребро на Мундијалот во 2015 година, а во последните години многу често ги менуваше клубовите и редовно играше надвор од Европа.
Покрај Марковиќ и Борозан за тимот на Ал Араби претходно потпиша уште еден Црногорец кој исто така го носи дресот на Катар, пивотот Јово Дамјановиќ, додека на голот ќе биде ветеранот Даниел Шариќ, кој иако има 44 години продолжува со успешните настапи.