Исто како и на турнирот во машка конкуренција и кај дамите најдобрата ракометарка е од репрезентацијата која беше поразена во финале, а станува збор исто така за десен бек, Русинката Ана Вјахирева.
Репрезентативката на Русија беше лидер во играта на Русија, но не можеше да помогне многу во финалето кога наидоа на расположените Французинки. Таа е и најдобар десен бек на турнирот, додека во првите седум е и нејзината сестра Полина Кузнецова која е поранешна ракометарка на Вардар.
Исто како и кај мажите најдобрите седум се од селекциите кои играа во полуфиналето. Најдобар стрелец со 52 гола е Норвежанката Нора Мерк.