Еден од поискусните ракометари во селекцијата на Франција, 36-годишниот Лук Абало планираше после Олимписките игри да стави крај на играчката кариера. Иако може да даде уште на теренот, тој размислуваше дека е веќе доволно.
Сепак, настапите во јануари на Мундијалот во Египет, а особено сега на Олимписките игри во Јапонија кога Франција се бори за златниот медал го премислија и тој сега е на мислење да ја смени одлуката и да продолжи со игрите.
„Сакав да се откажам од ракометот после Олимписките игри, но после тренинзите со репрезентацијата на Франција и настапите на Светското првенство во јануари сега се чувствувам одлично. Можеби ќе ја сменам мојата одлука и ќе продолжам да играм. Мислам дека нема да се вратам во Елверум бидејќи тимот е комплетен. Меѓутоа, доколку им требам и ми се јават тогаш може да се случи да се вратам во Норвешка“, вели Абало.
Кој ќе биде следниот клуб на Абало во моментов е тешко да се каже, но сигурно е дека доколку одлучи да ја продолжи кариерата нема да има поголем проблем да најде екипа во која би играл.