Репрезентацијата на Бахреин го доби дерби натпреварот против Јапонија со 32:30 и ја оствари својата прва победа во Токио. Претходните натпревари, Бахреин ги губеше во последните минути, а во денешниот натпревар против Јапонија среќата беше на нивна страна.
Со победата над Јапонија, Бахреин теоретски ги задржа шансите за обезбедување место во четвртфиналето на Олимписките игри.
Во првиот дел и двете репрезентации постојано се менуваа во водство и главно се играше изедначено. По десетина минути игра резултатот беше 5:5 и ништо не се промени до крајот на првиот дел кој заврши со мала предност за репрезентацијата на Јапонија, 17:16.
И во второто полувреме продолжи неизвесноста и борбата за освојување на бодовите. На моменти, двете репрезентации имаа и два гола предност, но последните десет минути беа клучни. Бахреин се одлепи на два разлика, 29:27, и успеа водството рутински да го одржува до последната секунда.