Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија првата задача на Олимписките игри во Токио.
Начевски и Николов ќе ја делат правдата на дуелот од машкиот турнир меѓу Португалија и Египет, кој е предводен од Роберто Парондо.
Тој натпревар се игра утре од 12:30 часот по македонско време во салата „Јојоги Стадион“ во Токио.
Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на натпреварите Норвешка против Бразил, Германија против Шпанија, како и Данска против Јапонија.