Мајка и ќерка заедно ја завршија ракометната кариера

Ракометарките на белорускиот тим Гомел, Ирина Дронова и нејзината ќерка Екатерина Дронова после завршувањето на сезоната 2020/21 заеднички објавија крај на своите кариери.

Легендарната ракометарка на Гомел, Ирина откако објави крај на активното играње останува во екипата каде што ќе се испроба во тренерска работа. За почеток таа ќе биде помошник тренер.

Ирина Дронова својата кариера ја заврши на 40 годиншна возраст, а за разлика од неа нејзината ќерка Екатерина крај на ракометната кариера одлучи да стави на само 20 години.

Иако ракометот има голема важност во семејството Дронови, Ирина ќе продолжи и понатаму да биде дел од тимот на Голел, но Екатерина донесе одлука целосно да се посвети на своите студии и тука ја прекинува кариерата.