Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва и средниот бек Павел Атман ја продолжија соработката за уште две сезони.
Веста и официјално беше потврдена од рускиот тим на социјалните мрежи на клубот.
Поранешниот ракометар на Вардар и Металург ги засили редовите на ЦСКА Москва во 2020 година. Со екипата успеа да го освои второто место во домашниот шампионат и прикажа солидни партии на европска сцена во рамките од Лига на Европа.
Освен за двата поранешни македонски шампиони, Атман настапуваше и за Хановер, Мешков Брест, Динамо Минск и Волгоград.