Романскиот шампион Динамо Букурешт, кој во следните три сезони ќе го води легендарниот Чави Пасквал, работи на формирањето на ростерот.
Следна трансферна цел за Динамо е голманот на Адемар Леон и поранешен чувар на мрежата на Вардар, Калифа Гедбан.
Алжирецот има договор со шпанскиот тим и за новата сезона, но „Кадена Сер“ пишува дека оштетата за него е 100.000 евра.
Адемар веќе ги продаде Тин Лучин на Висла Плоцк и Натан Суарез на Спортинг, иако имаа активни договори, па нема да биде изненадување ако Гедбан заврши во Динамо.
Претходно романскиот тим ги донесе Дан Ракотеа, Седрик Сорендо, Алекс Пасквал, Кристијан Дисингер и Раул Кампос.