РФМ на мака – Каде ќе чекаат пехарот и медалите за шампионот?

Сезоната во Супер машката лига финишира во текот на утрешниот ден во делот на плеј-офот, а Ракометната федерација на Македонија е на мака каде утре да го постави пехарот и медалите бидејќи две екипи се во трка за трофејот и теоретски и Вардар и Еурофарм Пелистер можат да дојдат до титулата.

Колку и да се прави план за реализација на оваа задача, сепак, сè може да се случи во последен момент и да дојде до ситуација во која ќе мора да се реагира во последен момент. Постојат неколку опции, а секако сигурно има и план како да се реализираат истите.

ОПЦИЈА 1 – Пехарот да биде во „Јане Сандански“

*Трофејот би се доделил веднаш после натпреварите, доколку Вардар победи

Со оглед на тоа што Вардар е поблизу до титулата, трофејот би бил во салата „Јане Сандански“ и би се чекало на победа на „црвено-црните“ со што доколку нема изненадување ќе може да се круниса и шампионот.

ОПЦИЈА 2 – Пехарот да биде во РФМ

* Доколку Вардар биде шампион, ќе се почека кратко време додека биде донесен во сала

И во оваа опција ќе може утре да биде крунисан шампионот на Македонија бидејќи не би требало многу за да се донесе трофејот од просториите на Ракометната федерација до салата во СЦ „Јане Сандански. Во таква ситуација би се загубиле може триесетина минути, но не би требало да се прави посебен собир за церемонија на крунисување на шампионите.

ОПЦИЈА 3 – Пехарот да се додели в четврток

* Во случај Еурофарм Пелистер да биде шампион, трофејот и медалите ќе се доделат ден подоцна

Ситуацијата е таква што Еурофарм Пелистер не зависи само од својот резултат против Охрид туку и од епилогот на средбата меѓу Вардар и Металург, па затоа мора да се почека за да се види каков ќе биде финишот од сезоната. Доколку коцките се поклопат за тимот од Битола тогаш ќе мора да се почека еден ден за да се доделат медалите и пехарот за шампионот на Македонија.

Од овие три опции едно е сигурно, а тоа е дека пехарот утре ќе биде во Скопје. Дали ќе остане во Скопје или ќе се пресели во Битола ќе се знае утре околу 20:30 часот кога би требало да финишираат сите натпревари од последното коло во плеј-офот. Ситуацијата е јасно и познато е на кој тим што му е потребно за да дојде до титулата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

СРЕДА, 19 ЧАСОТ

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

СТРУГА – ПРОЛЕТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515