Ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај составот на Пролет потешко од очекувањата. Отпорот на жилавиот домаќин беше скршен во вториот дел, а по овој триумф со 22-28, вардарци ги дели само една победа од титула во Суперлигата.
Пролет со головите на Пејовиќ и Димов поведе со 2-0, но вардарци набрзина направија пресврт, 2-3. Потоа се играше гол за гол, пред “црвено-црните” да се одлепат на плус три, 7-10.
До крајот на полувремето гостите рутински ја одржаа таа разлика и на пауза се замина со резултат 11-14.
Во второто полувреме, Пролет го засили отпорот, имаше неколку шанси и да израмни. Беше 15-16, 17-18, 19-20, но домашните не реализираа, па Чупиќ казни во следниот напад. Погодија Јотиќ и Валчак, па веќе беше 19-22.
На десетина минути до крајот беше 20-25 и јасно беше каков финиш ќе има овој натпревар. За Вардар останува уште средбата со Металург, на која доколку слават, ќе ја освојат титулата, а Пролет за потврда на третото место треба да слави на гости кај Прилеп.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА