Бурата околу кавгата во ИХФ не стивнува, а денеска на интернет страната беше објавено соопштение на кое се најдоа и имињата на најдобрите судии од Македонија, Николов и Начевски, како и на главниот на судиите во ЕХФ, Драган Начевски.
Причината поради која се споменуваат е во тоа што Рамон Гаљего не сакал да ги стави на списокот на судии за Олимписките игри во Токио, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Како причина се наведуваат „разлики“ во ставовите со Драган Начевски.
Поради оваа ситуација морало да има медијација меѓу ЕХФ и ИХФ, а потоа Гаљего се извинувал за несоодветно размислување и ги запиша Начевски и Николов на листата на судии кои ќе бидат дел од Олимпијадата.
Проблемите се поголеми, а во долгото соопштение стои и дека Гаљего на последното Светско првенство не се консултирал со никого кога ги делегирал Шпанците да го судат финалето со што ја нарушил практиката која дотогаш се спроведувала.
После сите проблеми кои предизвикаа медијација и неколку состаноци за да се одреди што ќе се случува со судиите на Олимписките игри, а воедно на 25 мај самиот Гаљего се повлече од сите надлежности на својата позиција. Оставката е поднесена и на следниот состанок на ИХФ ќе се разгледува и тогаш веројатно ќе почне процедура за назначување на негов наследник.