Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО
ВАРДАР – ОХРИД 37:29 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ – СТРУГА 35:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 27:25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО
АСТРАИОН – ГРК ТИКВЕШ 19:37 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – РАБОТНИЧКИ 31:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЈУНИОР КВ – КЛ 7 43:37 (ИЗВЕШТАЈ)
МЛАДОСТ – РАДОВИШ 22:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО
ГОЛМАН: Карим Хендави (Еурофарм Пелистер) – Еден од клучните ракометари на тешкото гостувaње кај составот на Бутел Скопје.
ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Одработи добра средба на гостувањето кај Пролет. Средбата ја заврши со 4 гола од 4 обиди.
ЛЕВ БЕК: Момир Рниќ (Металург) – Одигра еден од подобрите натпревари во дресот на Металург. Со седум гола заедно со Поповиќ беше лидер во нападот.
СРЕДЕН БЕК: Игор Мршуља (Јуниор Кисела вода) – Самиот постигна пола од головите за неговиот тим и ги водеше колегите во победата над КЛ 7. Средбата ја заврши со 18 погодоци.
ДЕСЕН БЕК: Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) – Како одминува времето така влегува во сè подобра форма и покажува дека е добро засилување за тимот од Битола. Против Бутел Скопје беше стрелец на пет гола.
ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар) – Беше најрасположен за игра на средбата против Охрид. Изброи до десет гола и покажа дека секогаш игра на максимум.
ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Продолжува во стандардна форма и со ефикасна игра во нападот. Постигна пет гола, а дефинитивно е еден од оние кои редовно имаат добра игра и во одбраната.