Новиот вардарец собира МВП награди во Полска (ФОТО)

Новото лево крило на Вардар, Јан Чувара, игра во одлична форма во полскиот шампионат во дресот на Горњик Забже.

Тој беше избран за МВП на последното коло во Полска, а конкуренти му беа бекот Михал Јурецки од Азоти Пулави и голманот Антон Деревјакин од Глогов. Чувара освои 341 глас, наспроти 196 за Јурецки и 91 за Деревјакин.

Новиот вардарец беше најдобар стрелец на дуелот кој Горњик го доби кај Гвардиа Ополе со 20-29 и даде осум гола.

Полското репрезентативно крило потпиша договор на две сезони со Вардар и доаѓа во Скопје на лето.