Вардар следната сезона ќе игра на три фронта – Суперлига, СЕХА лига и европските купови, па ќе биде потребен поголем играчки кадар.
Заминува Кристијан Дисингер, а се уште е неизвесна судбината на Филип Талески, па „црвено-црните“ сигурно ќе ангажираат најмалку уште еден ракометар на таа позиција.
Локалните медиуми пишуваат дека кадетскиот репрезентативец на Србија, Милош Кос, би можел да се пресели во Скопје на лето.
Станува збор за играч што е дел од босанскиот првак Извиѓач Љубушки, а потекнува од составот на Козара. Веќе го продолжи договорот со Љубушки на три сезони, но тоа не мора да значи ништо.
Кос дебитираше за Љубушки на 16 години и во СЕХА лигата против Татран Прешов, а сега е еден од главните стрелци на овој тим.