Младиот ракометар на Луги, Исак Персон, според шведските медиуми би требало да се пресели во унгарскиот шампион, Веспрем од наредното лето.
Талентираниот член на Луги, има блескави партии оваа сезона и се наоѓа на врвот на листата на стрелци во шведскиот шампионат. За десното крило, освен од Веспрем имало интерес и од голем број на европски клубови.
Швеѓанецот со Луги има договор до јуни, 2022 година, па се претпоставува дека по истекот на договорот ќе биде нов ракометар на Веспрем.
Веспрем на десната крилна позиција во овој момент ги има на располагање Гашпер Маргуч и Данил Шишкарев. Русинот има договор и за следната сезона, додека Словенецот треба да остане до 2023 година.