МВП НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА – ПЕТАР АНГЕЛОВ (ПРОЛЕТ)

Голманот на Пролет, Петар Ангелов, со вашите гласови го избравте за МВП, односно најкорисен играч на 5. коло од суперлигашкото разигрување за титула и за опстанок.

Некогашниот македонски репрезентативец беше меѓу најзаслужените за триумфот на Пролет над големиот ривал Бутел Скопје.

Ангелов собра 12 интервенции и продолжи со одличните партии на голот на Пролет оваа сезона.

Тој освои 44% од вкупниот број на гласови, додека второпласираниот Хазеин Рустамов од тимот на Прилеп имаше 28% од гласовите.