Екипата на Еурофарм Пелистер очекувано дојде до три бода на гостувањето во Автокоманда откако го совлада Металург со 32:22.
До победата тимот од Битола дојде и полесно од очекувањата со оглед на тоа што ушпте од стартот на средбата се виде дека домашните тешко ќе можат да следат. Играта беше така што Еурофарм Пелистер рано дојде до водство од 4:1 и тоа веќе во 6. минута.
Иако Ѓорѓески бранеше добро, сепак, и неговиот колега од спротивната страна, хендави беше на ниво. И покрај тоа имаше голем број погодоци, а на средината од првото полувреме беше 5:10 така што веќе тука гостите имаа убаво водство.
До крајот на првото полувреме „металурзите“ тешко ги одработуваа нападите. Не можеа да се снајдат со одбраната на гостинскиот состав, па грешеа, а тоа само отвораше простор за лесни напади на тимот од Битола што резултираше со лесни погодоци и зголемување на предноста. Веќе на полувреме беше решено сè откако Еурофарм Пелистер замина на одмор со 20:9, па беше јасно дека во вториот дел од средбата ќе биде прашање само разликата со која ќе финишира овој натпревар.
Во вториот дел работите течеа речиси идентично. Гостите ги казнуваа грешките и го користеа секој можен простор за да се дојде до позиција за шут. Имаше ростор за шанса да добијат сите ракометари и да одиграа и оние кои имаат помала минутажа, а сето тоа овозможуваше да се има и свежина и разликата да расте.
Откако во 40. минута беше 26:14 за Еурофарм Пелистер дури можеше и да се одигра смирено бидејќи победникот беше решен многу порано. Покрај грешките, Металург имаше и многу промашени зицери што само влијаеше за на крајот да се дојде до високиот пораз од 22:32. Со ова Металург остана на само четири бода после пет одиграни средби со кои е сè подалеку од позициите кои водат во европските купови.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА