Репрезентативецот на Норвешка, Бјарте Мирхол најави дека по Олимписките игри во Токио ќе ја заврши својата репрезентативна и клупска кариера, а тимот на Скјерн го сфати тоа сериозно и веќе е во потрга по негов наследник.
Според данската телевизија „ТВ2 Спорт“ раководството на клубот веќе има пронајдено играч кој ќе го замени и во моментов е во преговори со репрезентативецот на БиХ и ракометар на Загреб, Сењамин Буриќ.
Трансферот и преселбата на Буриќ во Скјерн треба да се случат на почетокот на следната сезона, но од клубот од Данска не сакаа да ги коментираат информациите на „ТВ2 Спорт“.
Босанецот во својата кариера настапуваше за екипите на Нант, Горење Велење, Борац, Извиѓач и Маглај. Во сениорската репрезентација на БиХ настапува од 2010 година. Оваа сезона е дел од хрватскиот шампион, Загреб.