По Иван Чупиќ, Жељко Муса, Филип Ивиќ, хрватскиот првак Загреб е на добар пат да донесе уште едно засилување за следната сезона.
Како што пишува „Спортске Новости“, играчот на Фуксе Берлин, Јаков Гојун е пред договор со „плинарите“ и камбек во татковината.
„Мојот статус во Берлин е добар, тука сум долго, има идеја и да останам, но во овие околности тешко е да се каже колку е тоа реално. Разговарав и со Загреб, постои идеја за камбек, но засега е на чекање. Причини има многу, а една од главните е што моето дете треба да тргне во училиште, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Не брзам, ова е такво време кога треба да се има трпение“, вели Гојун за „Спортске Новости“.
Гојун од Загреб се пресели во Сиудад Реал, оттаму замина во ПСЖ, па во Бундес лигата.