Екипата на Јуниор Кисела Вода ја оствари правата победа во плеј-аутот од Супер лигата во 3. коло откако на домашен терен го совлада тимот на Работнички со 32:25.
Домашниот тим имаше контрола на резултатот и водство најглемиот дел од натпреварот. Работнички имаше предност на стартот со 0:2, но Јуниор КВ брзо после тоа го презема водството и имаше првпат повисока разлика од 7:4.
До крајот на првиот дел домашниот тим успешно го одржуваше водството, па истата позитива беше и на полувремето кога Јуниор КВ имаше водство од 15:12. Во продолжението Работнички немаше сили за пресврт.
Во второто полувреме Јуниор КВ рутински одигра и сигурно го водеше натпреварот кон тирумф. Разликата се постојано се зголемуваше и достигна највисоки седум гола. Ова беше прв триумф на Јуниор КВ, а Работнички во третото коло го забележа првиот пораз.